Јаневски го објави списокот за Хрватска и Србија

Од:

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Чедомир Јаневски денеска го објави поширокиот список на фудбалери кои ќе конкурираат за настап на претстојните два квалификациски натпревари за Светското првентво 2014 година во Бразил, за Хрватска и Србија.

Во однос на септемвриските натпревари на списокот ги нема Даниел Мојсов и Остоја Степановиќ, а покрај одбранбените играчи Бојан Марковски и Стефан Ристовски, од младата репрезентација во А селекцијата прекомандуван е и Стефан Спировски кој заедно со Драган Ѓоргиев се единствените фудбалери кои играат во домашното првенство.

Повик од македонскиот селектор добија:

Голмани: Мартин Богатинов, Томе Пачовски и Кристијан Наумовски.

Одбрана: Николче Новески, Горан Попов, Бобан Грнчаров, Ванчо Шиков, Даниел Георгиевски, Бојан Маркоски, Стефан Ристовски, Александар Лазаревски.

Среден ред: Величе Шумуликоски, Мухамед Демири, Никола Глигоров, Стефан Спировски, Дарко Тасевски.

Напад: Горан Пандев, Иван Тричковски, Ферхан Хасани, Мирко Ивановски, Стевица Ристиќ, Агим Ибраими, Драган Ѓорѓиев.

Македонија двата претсојни Мундијалски квалификациски натпревара ќе ги одигра на домашен терен на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје. На 12 октомври гостува Хрватска, а четири дена подоцна во Скопје доаѓа Србија.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ