Јагуар во стилот на тајниот агент 007

Од:

Втората генерација на Јагуар XF почна да се продава на хрватскиот пазар по цена од 374.136 куни, пишува хрватски „Вечерњи лист“.

Јагуар и Ланд Ровер возилата учествуваат во низата филмови на Џемс Бонд, па и во најноциот под името Спектра, во кој тајниот агент 007 се вози во посебен модел C-X75.

Поради тоа не е чудно што домашниот застапник на Јагуар, почетокот на продажбата на втората генерација на модело XF во Хрватска го поврза со премиерата на најновиот филм за најпознатиот таен агент на светот.

Јагуар XF на хрватскиот пазар чини 374.136 куни. Атрактивен модел со лесна алуминиумска конструкција и елегантен дизајн ќе се гордее со динамични возни особини, а и ефективноста му е на високо ниво. Од претходниците полесен е 190 килограми. Со лесна конструкција, одлични перформанси и напредни мотори, кои дебитираа во моделот XE. Меѓу нив се и 2 литарските дизелаши од 161 и 178 КС, но и дотераната изведба на 3,0 твин турбо дизелски мотор од 296 КС и 700 Нм. 1 хрватска куна чини 0,131 евра.

Би можело да ве интересира

Снегот и ветрот турнаа и бандери, една падна врз автомобил

Александар Тодески

Почина дете откако мина осум часа во врел автомобил

Горан Наумовски

Искршен автомобилот на Митева од ВМРО-ДПМНЕ

А1он

Падна возило во река во Прилеп – спасени две лица

А1он

ЕП забрани продажба на нови бензински и дизел-автомобили што испуштаат јаглерод

Повреден возач откако излетал со автомобилот од пат