Осум екипи од пет држави ќе го очекуваат денешното извлекување на двојките за четвртфиналето од Лигата на шампионите. Точно напладне во Нион ќе бидат одредени двојките.
Меѓу осумте екипи се наоѓаат: ПСЖ, Монако (Франција), Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид (Шпанија), Порто (Португалија), Јувентус (Италија) и Баерн Минхен (Германија).
Натпреварите од четвртфиналето ќе се играат на 14 и 15 април и реваншите на 21 и 22 април. Финалето е закажано за 6 јуни во Берлин.
Извлекувањето на четвртфиналните двојки за Лига Европа ќе се одржи истотака во Нион во 13 часот. Во ова натпреварување осумте екипи се од шест држави: Бриж (Белгија), Днипро, Динамо Киев (Украина), Фиорентина, Наполи (Италија), Севиља (Шпанија), Волфсбург (Германија) и Зенит (Русија).
Натпреварите од четвртфиналето ќе се играат на 16 април и реваншите на 23 април. Финалето ќе се игра на 27 мај на „Националниот стадион“ во Варшава.