Извиѓач добра шанса за први СЕХА бодови на Металург оваа сезона

Од:

Македонскиот ракометен вицепрвак Металург средбата против Извиѓач од Босна и Херцеговина ја гледа како убава шанса за прв триумф во годинашното издание од регионалната СЕХА лига.

Помошник-тренерот Оливер Димитриоски и пикерот на Металург Милан Лазаревски веруваат дека и покрај многуте повредени играчи, може д асе освојат првите бодови.

– И екипата на Извиѓач исто така има загубено три натпревари во првите три кола. Кај нас и натаму најголем проблем се повредите и јас само се надевам дека ситуацијата ќе се среди до среда. Се надевам на позитивен резултат, иако тоа не ни е во преден план, туку создавање на тим кој ќе може да ги даде резултатите за неколку години, изјави Димитриоски на денешната прес-конференција.

Против Извиѓач ја гледам шансата за прва победа во оваа сезона. Победата ќе влијае на подигувањето на самодовербата на нашите играчи, а тоа е многу значајно. Ние сме благи фаворити, убеден сум дека ќе го запишеме првиот триумф, додаде Лазаревски.

Натпреварот Металург – Извиѓач се игра в среда во Скопје со почеток во 20:45 часот.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП