Изов: Силно сме мотивирани за победа на утрешниот натпревар против Казахстан

Од:

Македонската женска фудбалска репрезентација утре против Казахстан ќе ја бара првата победа во квалификациите за Европското првенство 2021 година. Селекторот Кирил Изов се надева на добра игра и позитивен резултат од утрешниот дуел.

– Ова е нашата прилика за прва победа во квалификациската група. Добро ги минавме подготовките, тимот е комплетен и силно веруваме во успех на утрешниот натпревар. Одигравме сосема добро и на воведниот дуел со Австрија во Виена, а тоа ни дава за право да веруваме во добар резултат. Комплетни сме и мотивирани за победа, изјави Изов за веб-страницата на ФФМ.

Натпреварот се игра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ од 15 часот.

Би можело да ве интересира

ЖФК „Каменица Саса“ есенски шампион во Првата женска фудбалска лига

Ана Ололовска

Меган Рапино ја зеде „Златната топка“ кај жените

Фудбалерките повторно надиграни од Австрија

Изов ја препушти улогата фаворит на Австрија

Ана Ололовска

Андоновски нов селектор на светските шампионки САД

Ана Ололовска

Во наредните четири години, ФИФА ќе потроши милијарда долари за женскиот фудбал

Ана Ололовска