Изов го соопшти списокот на фудбалерки за квалификациите

Од:

Селекторот на женската репрезентација на Македонија за фудбалерки до 17 години го соопшти списокот на кандидатки на кои ќе смета за претстојниот квалификациски турнир кој ќе се одржи во Скопје во периодот од 28 септември до 3 октомври.

Противници на младите македонски фудбалерки ќе бидат селекциите на Италија, Северна Ирска и Босна и Херцеговина.

На списокот на Изов се наоѓаат Евгенија Крстевска, Елма Шемшовиќ, Теодора Ѓорѓиевска, Драгана Гегова, Јулија Живиќ, Мила Талевска, Теодора Бумбароска, Ана Благонова, Јана Чубриновска, Ивана Биневска, Викторија Игнатовска, Речи Суарта, Марија Белистојаноска, Јована Ѓорѓиоска, Теодора Димоска, Надица Костеска, Анастасија Николовска, Јована Спасовска, Јована Спасовска, Анита Гоцевска, Моника Котева.

Македонскиот селектор се надева на пласман во следната фаза.

-На овој квалификациски турнир влегуваме максимално подготвени и мотивирани за постигнување успех – пласман во елитната фаза. Првиот натпревар против Северна Ирска е од клучно значење за нас, дуел на кој треба да одиграме максимално концентрирано и компактно и да се обидеме да извлечеме позитивен резултат. Репрезентацијата на Италија е фаворит во нашата група, а со БиХ пред еден месец одигравме натпревар во кој излеговме како победници, па се надевам дека така ќе биде и овој пат. Имаме реални шанси за пласман во следната фаза, но со максимална ангажираност и посветеност на сите фудбалерки и стручниот тим на секој натпревар, истакнува Изов.

Првиот натпревар Македонија го игра в понеделник на стадионот Борис Трајковски во Маџари против Северна Ирска со почеток од 11 часот.

Би можело да ве интересира

ЖФК Љуботен Тетово и годинава со нови засилувања од Бразил

Ана Ололовска

Кадетките и младинките ги дознаа ривалите во фудбалската Лига на нации

А1он

Француска репрезентативка притворена за физички напад

А1он

Прв триумф на македонските фудбалерки во мундијалските квалификации

А1он

Женската фудбалска репрезентација У19 со победа ги почна евроквалификациите

А1он

Изов го објави списокот на фудбалерки за квалификациските натпревари со Летонија и Луксембург