Изов го објави списокот за дуелот со Словенките

Од:

Македонската фудбалска репрезентација на 12 април го игра првиот натпревар оваа година во рамките на групата 1 од квалификацискиот циклус за пласман на Европско првенство 2017, против Словенија на гостински терен.

Селекторот Кирил Изов за овој дуел ги повика следните фудбалерки: Викторија Панчурова (Тиверија), Александра Ристовска (Тиверија), Павлинка Николовска (Тиверија), Елма Шемшовиќ (Борец), Ленче Андреевска (Драгон), Маја Ангеловска (Драгон), Накшије Кривањева (Драгон), Афродита Салихи (Драгон), Ана Веселинова (Драгон), Јана Чубриновска ( Кочани), Симона Тасева (Ј. Конзули), Симона Николовска (Ј.Конзули), Душанка Пејкова (Сц. Истатов), Бојана Иванова (Сц. Истатов), Ивана Биневска (Сц. Истатов), Викторија Донева (Помурје), Даниела Велеска (Топ Гол), Ели Јаковска (Спартак), Шкипе Бојку (Нове Замки), Сашка Кокаловска (Топ Гол).

За Изов ова ќе биде деби натпревар на селекторското место.

Средбата ќе се игра во Лендава со почеток од 19 часот.

Би можело да ве интересира

ЖФК Љуботен Тетово и годинава со нови засилувања од Бразил

Ана Ололовска

Кадетките и младинките ги дознаа ривалите во фудбалската Лига на нации

А1он

Француска репрезентативка притворена за физички напад

А1он

Прв триумф на македонските фудбалерки во мундијалските квалификации

А1он

Женската фудбалска репрезентација У19 со победа ги почна евроквалификациите

А1он

Изов го објави списокот на фудбалерки за квалификациските натпревари со Летонија и Луксембург