Италијанците убедливо против Турција во Рим на отворањето на Европското првенство

Од:

Пред повеќе од 23.000 гледачи на Олимпискиот стадион во Рим, вечерва се одигра воведниот натпревар од Европското фудбалско првенство, на кој репрезентацијата на Италија ја совлада Турција со 3:0 (0:0).

Италијанската иницијатива во првото полувреме изроди само една сериозна шанса за гол, но турскиот чувар на мрежата Чакир Угурчан го одбрани ударот со глава на капитенот Џорџо Кјелини во 22. минута.

Доминацијата на домаќините вроди со плод набрзо по паузата, кога турскиот дефанзивец Мерих Демирал со автогол во 53. минута и донесе водство на Италија, а 13 минути подоцна Чиро Имобиле го удвои водството со својот 14-ти гол во дресот на Азурите.

Конечниот резултат за убедлив старт на Италија на ЕУРО2020 го постави Лоренцо Инсиње во 79. минута.

Во вториот натпревар од воведниот коло во групата А, утре играат Велс и Швајцарија, со почеток од 15 часот.

Вториот ден од ЕУРО2020 ќе го комплетира и првото коло во групата Б, со натпреварите меѓу Данска и Финска (18 часот) и Белгија – Русија (21 часот).

Би можело да ве интересира

Саутгејт: Англија треба да го освои Светското првенство за да го заборави неуспехот во финалето на Еуро 2020

А1он

УЕФА го објави идеалниот тим на ЕВРО 2020

Жарко Настоски

Шкотски весник предлага Манчини да биде прогласен за почесен граѓанин на земјата

Ана Ололовска

Донарума за последниот пенал во финалето: Не славев затоа што не знаев дека победивме

Ана Ололовска

Секој италијански репрезентативец ќе добие по четврт милион евра за европската титула

Жарко Настоски

Саутгејт ќе размисли дали би прифатил нов договор

Жарко Настоски