Репрезентацијата на Италија е првиот финалист на Европското фудбалско првенство совладувајќи ја вечерва Шпанија со 4:2 на пенали, откако првото полуфинале во Лондон заврши 1:1 по регуларниот дел и продолженијата.
Италија поведе по еден час игра на стадионот „Вембли“ со голот на Федерико Киеза, но шпанските напади за израмнување вродија со плод во 80. минута кога Алваро Мората го однесе полуфиналето во продолженија и пенали.
Четвртото финале на Италија во историјата на Европските првенства и го донесе Жоржињо во петтата пенал – серија, откако претходно стрелецот за Шпанија во регуларниот дел Мората биеше непрецизно од белата точка.
Во вториот полуфинален натпревар утревечер, исто така, на „Вембли“, репрезентацијата на Англија е домаќин на Данска.