Историски ден за македонскиот фудбал: Победа над Грузија носи на Европско

Од:

90 или 120 минути. Историски за македонскиот фудбал. По нив конечно ќе знаеме дали ќе заврши речиси 30-годишното чекање и Македонија ќе има репрезентација на Европско фудбалско првенство. Пандемијата на коронавирусот комплетно го измести распоредот на фудбалските случувања на контиентот, па наместо пролетта дури сега македонската фудбалска репрезентација го игра финалето на Лигата на нации против Грузија кое може да не одведе до контиенталниот самит.

Статистички, по бројните неуспешни квалфикациски циклусти, по 238 одиграни натпревари на репрезентацијата чија историја тргна во Крањ во 1993 година преку голот на Чоко Бошковски, преку легендарниот Дарко Панчев, Ѓорги Христов, Артим Шаќири, Петар Милошевски се до Горан Пандев и оваа актуелнава генерација на Аријан Адем, Езгијан Алиоски, Елиф Елмас, Иван Тричкоски, Енис Барди, националниот тим дојде до последната станица. Последната препрека е во Тбилиси. Да се победи Грузија и да се влезе во контиенталната елита.

На средбата репрезентацијата отпатува без Енис Барди и со повредениот Аријан Адеми. Тој сепак се очекува да биде во тимот на селекторот Ангеловски со оглед на важноста на овој натпревар. Составот ќе го предовди Горан Пандев кој на крајот од кариерата дојде до заслужената шанса да се бори за место на Европското првенство.

Македонската репрезентација ќе го одигра вкупно третиот натпревар против Грузијците. Во претходните два немаше победник, двете средби од Лигата на нации завршија со идентични 1-1.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска