Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Од:

Крилниот напаѓач на македонската фудбалска репрезентација Дарко Чурлинов со оптимизам ги очекува претстојните квалификациите за ЕУРО2024, истакнувајќи дека воведниот натпревар против Малта, в четврток во Скопје, ќе биде исклучително важен.

„За нас почетокот на квалификациите е многу важен. Фаворити сме против Малта, но тоа треба да го покажеме на терен. Имаме сила, веруваме во себе и така ќе се поставиме“, порача Чурлинов во изјава за сајтот на Фудбалската федерација на Македонија.

„Ќе се обидите да го пренесеме на терен тоа што од нас го бара селекторот. Некогаш резултатите се добри, некогаш не, но целта е што подобро да ја претставиме Македонија и да постигнеме најдобар можен резултат. Ќе дадеме сè од себе во овие квалификации и верувам дека можеме да направиме голема работа“, изјави Чурлинов.

Дваесетидвегодишниот фудбалер на Барнли по подолго се враќа во македонската репрезентација, откако целосно се рехабилитираше од повредата.

„Изминатите месеци поради повредата на мускулот беа тешки за мене, но сега повторно сум во натпреварувачка форма и се разбира дека тоа сакам да го пренесам на репрезентативните предизвици кои ни следуваат. Јас ги пропуштив последните три репрезентативни собири и навистина со нетрпение го очекувам собирот за почетокот на квалификациите за Европското првенство 2024. Речиси секојдневно сме во контакт со репрезентативните колеги и можам да потврдам дека го делиме истото чувство“, додаде Чурлинов.

Македонија во евроквалификациите е во група со Англија, Италија, Украина и Малта.

ФОТО: ФФМ

Би можело да ве интересира

Македонија со одлична група во Лигата на нации: Ќе играме против Ерменија, Фарски Острови и против Летонија

Реми во Скопје: Македонија-Англија 1:1

Фудбалерите заминаа за Малта

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Барди: Ние сме мала земја, но меѓу нас има „лавови“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Македонија ремизираше со европскиот шампион

Катерина Ѓуровски

Милевски објави список со 29 имиња: Двајца дебитанти, Радески е повратник, во тимот е и Чурлинов