(ВИДЕО) Барди: Ние сме мала земја, но меѓу нас има „лавови“

Од:

Македонија освои бод против европскиот првак Италија играјќи 1-1 на арената „Тодор Проески“ во Скопје. Капитенот Енис Барди постигна прекрасен погодок во 81.минута, кога од слободен удар го совлада Џанлуиџи Донарума.

По натпреварот, имаше што да каже.

„Горд сум на овие момци. Ние сме мала земја, но меѓу нас има многу „лавови“. Сакам да се заблагодарам и на публиката, поддршката многу ни значи. Мислам дека беше тежок натпревар, нормално е тоа кога играш против една Италија. Сепак, ние имавме подобри шанси за гол. Исто така, морам да кажам дека сум горд што ја носам капитенската лента. Има и многу фудбалери кои ми помагаат во тоа да сум капитен“, изјави херојот Енис Барди.

Би можело да ве интересира

Македонија со одлична група во Лигата на нации: Ќе играме против Ерменија, Фарски Острови и против Летонија

Реми во Скопје: Македонија-Англија 1:1

Фудбалерите заминаа за Малта

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Македонија ремизираше со европскиот шампион

Катерина Ѓуровски

Милевски објави список со 29 имиња: Двајца дебитанти, Радески е повратник, во тимот е и Чурлинов

У21: Дваесет и четири фудбалери на списокот на Канатларовски за новиот евроквалификациски циклус