У21: Дваесет и четири фудбалери на списокот на Канатларовски за новиот евроквалификациски циклус

Од:

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21 година Драган Канатларовски повика 24 фудбалери за воведните натпревари во септември во рамки на квалификациите за пласман на Европското првенство во 2025 година.

Новиот евроквалификациски циклус избраниците на Канатларовски ќе го почнат на 8 септември на гостински терен против Шведска во Јенчепинг, по што на 12 идниот месец ќе ја пречекаат Холандија на тренинг центарот „Петар Милошевски“, во Скопје.

За двата натпревари Канатларовски повика десет интернационалци:

ГОЛМАНИ:

Марко Алчевски – А.П. Брера

Иван Николоски – Победа

Стефан Митрев – Кожуф

ОДБРАНА:

Марио Ричков – Шкупи

Стефан Деспотовски – Работнички

Андреј Стојчевски – Жилина, Словачка

Решат Рамадани – Динамо Киев

Виктор Крстевски – Гостивар

Методи Максимов – Шкендија

Михаил Димитриевски – Брегалница

Кристијан Тасевски – Аугсбург, Германија

СРЕДЕН РЕД:

Мартин Талаков – Подбрезова, Словачка

Иван Николов – Сондерјиске, Данска

Хамза Рамани – Шкупи

Алекс Златков – Шкупи

Димитар Тодоровски – Работнички

Ване Крстевски – А.П. Брера

Берат Калкан – Касимпаша, Турција

Бехар Фета – Марибор, Словенија

Матеј Ангелов – Работнички

Лука Станковски – Газиантеп, Турција

НАПАД:

Марио Илиевски – Кишварда, Унгарија

Филип Трпчевски – Хакен, Шведска

Луан Абази – Шкупи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Луда прослава во македонската соблекувална: Вие не сте нормални

ВИДЕО: Клучни три бода во Ереван, Македонија трумфално против Ерменија

Катерина Ѓуровски

Македонија со одлична група во Лигата на нации: Ќе играме против Ерменија, Фарски Острови и против Летонија

Реми во Скопје: Македонија-Англија 1:1

Фудбалерите заминаа за Малта

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Барди: Ние сме мала земја, но меѓу нас има „лавови“

Катерина Ѓуровски