Иско: На многумина им е драго за кризата во Реал

Од:

Фудбалерот на Реал Мадрид, Иско, истакна дека играчите ја сфаќаат тежината на кризата во клубот, но дека сите веруваат во тренерот Хулен Лопеги и во неговиот начин на работа.

– Не е лесно да се прифатат овие лоши резултати. Имам чувство дека на многумина им е драго за кризата во Реал. Но, подготвени сме да ја преземеме одговорноста. Сите сме одговорни, а не само тренерот, истакна Иско.

Тој одби да го коментира заминувањето на Кристијано Роналдо и посочи дека решението на кризата треба да се бара во клубот, а не надвор од него.

– Веруваме во Хулен Лопеги и во неговата работа. Не можеме да говориме за Роналдо и да оплакуваме некој што не сака да биде тука. Решението не е надвор од овој клуб, туку во соблекувалната, наведе Иско.

Реал во изминатите пет натпревар нема постигнато победа.

Би можело да ве интересира

Неповторливиот Лука Модриќ – собори уште еден рекорд

Предраг Петровиќ

Модриќ го урна рекордот на легендарниот Пушкаш во Реал Мадрид

А1он

Реал нема да ги пушти своите играчи да играат на ОИ

Детаљ за кој најмногу се зборува – дали Винисиус заслужи црвен картон?

Предраг Петровиќ

Навивач на Атлетико Мадрид му се заканувал на девојче бидејќи носело дрес од Реал Мадрид

Горан Наумовски

Винисиус заминува доколку Реал потпише со Мбапе

Предраг Петровиќ