Иниеста застана на „лудиот камен“

Од:

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Шпанецот Андрес Иниеста, заплови во брачните води и го рече судбоносното „да“ на својата партнерка Ана Ортиз.

Свечената церемонија се одржа пред околу 800 гости во дворецот Тамарит во Тарагона. Меѓу бројните гости биле и најдобриот светски фудбалер Лионел Меси, актуелниот претседател на Барселона Сандро Росел, поранешните претседатели Хуан Лапорта и Хуан Гаспарт, како и неговите соиграчи од Барселона Жерард Пике, Пујол, Чави, Давид Виља и поранешниот тренер на Каталонците Пеп Гвардиола.

Иниеста и Ортиз се заедно од 2008 година, а во април минатата година им се роди и ќеркичката Валериа.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ