ИН МЕМОРИАМ: Почина спортскиот новинар Зоран Поповски

Од:

На 54-годишна возраст денеска во Скопје ненадејно почина новинарот на порталот Спортманија, Зоран Поповски.

Поповски имаше повеќе од дводецениско новинарско искуство, работејќи за повеќе медиуми како А1, „Дневник“, „Екипа“, „Република“, а од летото 2018 година беше во Спортманија.

Како новинар вљубеник во фудбалот, тој известуваше најмногу од фудбалски настани, а меѓу долгата листа настани од кои известуваше се и историското за нас Европско првенство во 2021 на кое за првпат играше Македонија, како и ЕП за младинци во Полска во 2017 година.

Погребот ќе биде извршен утре на градските гробишта Бутел, во 13 часот, а телото ќе биде изложено во капелата од 12 часот.

Би можело да ве интересира

Почина таткото на Тоше Проески

Орце Костов

Почина О. Џ. Симпсон

Горан Наумовски

Почина Слаѓана Милошевиќ

Катерина Ѓуровски

Почина Мирко Попов

Катерина Ѓуровски

Почина академик Јордан Поп-Јорданов

Горан Наумовски

Почина креаторот на манга стрипот „Dragon Ball“