Игокеа го растури Партизан

Од:

Во дерби дуелот од 11.коло на кошаркарската АБА лига, екипата на Игокеа убедливо го солада Партизан со 73:50 во натпреварот со кој беше комлетирана оваа рунда.

На средбата одиграна во Александровац, во дуелот на двете водечки екипи на табелата, кошаркарите на Игокеа уште во првото полувреме им дозволија на „црно белите„ да постигнат само 21 поен, а на паузата заминаа со предност од 12 разлика (33:21). Во ист ритам домаќините продолжија и во третиот период кој го добија со 22:12, па во последната четвртина само го одижуваа високото водство.

За Игокеа ова беше девета победа, додека Партизан го претрпе третиот пораз во ова натпреварување.

Токму Партизан ќе биде следниот противник на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром во натпревар од 12 коло кој ќе се игра во Белград на 9 декември (сабота) од 19 часот.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ