Ибрахимовиќ сака кариерата да ја заврши во САД

Од:

Шведскиот репрезентативец и член на Пари Сен Жермен денеска изјави дека не би имал ништо против за некоја година да заигра во американската МЛС лига и таму да ја заврши со професионалното играње фудбал.

– Заинтересиран сум да играм во САД. Често се слушам со мојот другар Тери Анри кој многу добро се снајде на американскиот континент. Би било интересно за две-три години да заиграм во Америка, изјави Ибрахимовиќ.

Тој има актуелен договор со ПСЖ до 2016 година и беше најзаслужниот со 40 постигнати голови за освојувањето на титулата во француската Лига 1 оваа сезона.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ