Ибрахимовиќ и официјално го продолжи договорот со Л.А. Галакси

Од:

Како што се очекуваше, шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ го продолжи договорот со Л.А. Галакси и ќе игра и понатаму во МЛС.

Во последниве месеци се шпекулираше дека Ибра ќе се врати во Милан, за да биде партнер во нападот со Гонзало Игуаин, но отстапувања во финансиските барања на Швеѓанецот и предлогот на „росонерите“ го стопираа трансферот.

– Среќни сме што повторно потпишавме со Златан, што значи дека тој ќе биде со нас во 2019 година. Тој ја покажа својата вредност во последната сезона. Со Ибрахимовиќ ќе се обидеме да го зајакнеме нашиот тим за следната кампања, изјавија од Л.А. Галакси.

Би можело да ве интересира

Златан Ибрахимовиќ и купи црква на мајка му за 9,24 милиони евра, станови на брат му и татко му

Предраг Петровиќ

Ибрахимовиќ: Го изгубив идентитетот во Барселона

Ибрахимовиќ го продолжи договорот со Милан

Ибрахимовиќ ќе остане во Милан

Два клуба од МЛС сакаат да го ангажираат Суарез

Ана Ололовска

Ибрахимовиќ ќе го пропушти Емполи поради повреда на коленото

А1он