Ибрахимовиќ ќе остане во Милан

Од:

Златан Ибрахимовиќ (40 години) ќе потпише нов договор со Милан, објавија трансфер-инсајдерите Џанлука ди Марцио и Фабрицио Романо.

За потсетување, по сезоната во која миланскиот клуб ја освои шампионската титула во Италија, шведскиот напаѓач беше подложен на тешка операција на коленото, што ќе го оддалечи од терените практично до крајот на годината и со тоа ќе го пропушти почетокот на сезона.

Поради проблемите со повредите, минатата сезона Ибрахимовиќ одигра само 27 натпревари и постигна осум и забележа три асистенции. Сепак, Милан ќе го продолжи неговиот договор.

Ди Марцио тврди дека се работи за едногодишен договор со плата меѓу 1 и 1,5 милиони евра, која може да се зголеми во зависност од бројот на голови и асистенции.

Ветеранот прифатил значително намалување на платата, која досега изнесуваше околу седум милиони евра по сезона. Потпишувањето на договорот се очекува во следните неколку дена.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Златан Ибрахимовиќ и купи црква на мајка му за 9,24 милиони евра, станови на брат му и татко му

Предраг Петровиќ

Ибрахимовиќ: Го изгубив идентитетот во Барселона

Ибрахимовиќ го продолжи договорот со Милан

Ибрахимовиќ ќе го пропушти Емполи поради повреда на коленото

А1он

Папата Франциск и Ибрахимовиќ разменија книги

Ана Ололовска

Четириесетгодишниот Ибрахимовиќ стигна до бројката од 400 првенствени голови