Ибрахимовиќ: Гласав за Иниеста за „Златната топка“

Од:

„Гласав за Иниеста, бидејќи тој е фудбалерот кој го освои европското првенство, а врши неверојатно добра работа во тимот на Барселона

Капитенот на шведската репрезентација Златан Ибрахимовиќ смета дека Андрес Иниеста е фудбалерот кој заслужува да ја освои наградата „Златна топка“ која секоја година ја доделува светската федерација ФИФА. „Гласав за Иниеста, бидејќи тој е фудбалерот кој го освои европското првенство, а врши неверојатно добра работа во тимот на Барселона. Сакам тој да ја освои наградата“, рече Ибрахимовиќ, кој сепак е свесен дека Лионел Меси е прв фаворит за оваа награда. „Знам дека Меси е фаворит. На индивидуално ниво тој е најдобриот фудбалер во светот, но тој не е единствениот фудбалер во Барселона. Што треба да се направи за да се освои наградата? Челзи е европски првак, а меѓу тројцата фаворити нема ниту еден играч од лондонскиот тим. За Меси велат дека игра како на Плејстејшн. Иниеста го освои ЕП, а Роналдо стана првак на Шпанија. Не знам какви се калкулациите при гласањето“, заврши популарниот Ибра.

Во конкуренција за наградата се Меси, Иниеста и Роналдо, а најдобриот ќе биде прогласен на 7 јануари.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ