Хумлес: Баерн не е непобедлив

Од:

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Матс Хумлес изјави дека неговата екипа со триумф во Суперкупот на Германија, покажа дека минхенскиот Баерн не е непобедлив.

-Сите знаат дека Баерн е фаворит во сите натпреварувања оваа сезона. Имаат одлична екипа која што не се гледа секој ден. Сепак за 90 минути покажавме дека можеме да ги победиме, изјави тој.

Борусија во сабота го совлада Баерн со 4:2, и покрај тоа што екипата на Дортмунд остана без еден од најдобрите играчи Марио Геце.

Хумлес верува дека „милионерите“ и оваа сезона може да остварат одлични резултати.

-Доколку играме исто како и претходните четири години, можеме да направиме многу нешта, заклучи тој.

Новата сезона од Бундеслигата започнува на 10-ти август, а Борусија во првото коло гостува во Аугсбург.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ