HTC објави дека склучил тригодишен договор со кој станува официјален партнер и снабдувач на телефони за UEFA Лигата на шампиони и UEFA Лигата Европа.
Партнерството што ќе трае започнува јануари 2013 година и го става HTC во центарот на две од најелитните фудбалски натпреварувања во светот, овозможувајќи му да испорача нови и иновативни начини за фановите ширум светот да бидат поблиску до акцијата. Без разлика дали се на стадион и ја следат играта, или ги гледаат содржините на уред на HTC, фановите ќе можат да го споделат секој момент.
„Фудбалот предизвикува толку многу страст ширум светот; ние сме возбудени што стануваме партнери со еден од водечките спортски брендови во светот,” изјави Питер Чоу главен извршен директор на корпорацијата HTC. „Тесно ќе соработуваме со UEFA со цел на сите фанови да им понудиме фудбалски искуства, како и да обезбедиме побогато мобилно искуство во целост.”
Ова партнерство ја комбинира традицијата на HTC во работење со глобалните лидери во светот на музиката, фотографијата, дизајнот и спортот со интересите и предметите на културна пасија на корисниците од целиот свет.