Фудбалската репрезентација на Хрватска го освои третото место на Светското првенство во Катар совладувајќи го Мароко во дуелот за бронзата со 2:1. За Мароканците и самиот пласман меѓу четирите најдобри е огромен успех на овој Мундијал.
На почетокот од мечот и двете селекции постигнаа по еден гол. Јошко Гвардиол во седмата минута донесе водство за Хрватска, но само две минути подоцна израмни Ашраф Дари.
Хрватите на полувреме сепак заминаа со предност откако Мислав Оршиќ постигна прекрасен погодок во 42.минута за водство од 2:1.
Во второто полувреме, Матео Ковачиќ имаше шанса за трет погодок, но не реализираше, а Ен Несири во последните мигови можеше да донесе израмнување, но беше за малку непрецизен.