Неколку спортисти, кои се декларираат како хомосексуалци, размислуваат како да ги искажат своите ставови за време на зимската Олимпијадата во Сочи, Русија во 2014 година. Во Русија, постојат неколку закони кои ги маргинализираат ЛГБТ лицата, а спортистите сакаат да го променат тоа.
Блејк Скјелеруп од Нов Зеланд, репрезентативец во брзо лизгање и Џони Веир од САД, сакаат да настапат на овие игри, и покрај повиците за бојкот. Блејк смета дека вистинското место за привлекување внимание и искажувањето на ставовите е токму Олимпијадата.
– Премногу долго се криев, и тоа не беше забавно. Не сакам тоа да го менувам само поради правила кои постојат во некоја држава – изјавил 28 годишниот Скјелеруп, кој е единствен јавно деклариран хомосексуалец кој го потврдил учеството на Олимпијадата.
Тој планира да носи беџ во боите на виножитото, симбол на ЛГБТ заедницата.
Што и како ќе дозволат руските власти, како и Меѓународниот олимписки комитет, засега останува отворено прашање.