Женската фудбалска репрезентација на Холандија, која е домаќин на Европското првенство, обезбеди пласман во полуфиналето, откако синоќа ја совлада Шведска со 2:0 во првиот четвртфинален дуел.
Холандија во полуфиналето в четврток ќе игра со победникот од дуелот Англија – Франција.
Второто четвртфинале меѓу Германија и Данска не се одригра синоќа и е одложено за денеска со почеток во 12 часот. Причината за одложувањето е избилството вода на теренот по интензивните врнежи од дожд.
Вечерва се играат другите два четвртфинални натпревара: Австрија – Шпанија и Англија – Франција.