Првиот човек на Баерн Минхен, Ули Хенес, го критикуваше потегот на Јувентус за трансферот на Кристијано Роналдо тежок 112 милиони евра и рече дека е прескап за 33-годишниот фудбалер.
Хенс вели дека баварскиот клуб никогаш нема да потроши толку пари за ветеран и би го разбрал овој потег доколку Португалецот би бил десетина години помлад.
Роналдо има 33 години, тој е ветеран … Би не чинел најмалку 100 милиони евра, тоа е работа што никогаш нема да ја направиме. Доколку имаше 24 години, тогаш трансферот ќе го направевме со врзани очи, изјави Хенес за „Билд“.
Јувентус со ангажманот на Роналдо постави рекорд во италијанскиот фудбал, додека Баерн беше прилично неактивен минатото лето па затоа Хенс е критикуван од навивачите на бундеслигашот.