Хари Реднап на кормилото на Шкотска?

Од:

Лошиот старт на квалификациите за селекцијата на Шкотска му го загрози селекторското место на Крег Левејн, а како негов можен наследник се споменува Хари Реднап.

Поранешниот менаџер на Тотенхем ја чека вистинската понуда откако замина од кормилото на англискиот премиерлигаш, а селекторското место на шкотскиот национален тим се чини како доволен предизвик.

„Никогаш не вели никогаш, кога е фудбалот во прашање. Доколку ми се укаже убава можност, би се вратил во акција. Не сакам да се нафатам на било каква работа само за да вратам, но доколку се работи за добар проект сигурно би го прифатил“, изјави Хари Реднап за британските медиуми.

Шкотската јавност предвидува дека Крег Левејн нема да го дочека преостанатите натпревари од квалификациите за СП 2014, туку набрзо ќе добие отказ. Шкотланѓаните одиграа 1-1 против Македонија во Глазгов минатиот месец, а дуелот во Скопје треба да се одигра на 10 септември 2013 година. Можеби тогаш со Хари Реднап на кормилото?!

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ