Хамилтон: Подобро трки без публика, отколку да нема воопшто

Од:

Шесткратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон призна дека му недостига возбудата на трките и поддршката на публиката, но сепак се надева дека може да започне сезоната 2020, дури и ако се случи пред празни трибини.

– Не знам колку е возбудливо фановите да гледаат трки само од нивните домови, но тоа е подобро од ништо. Сепак, ова е тежок момент за секој пилот, затоа што навивачите се тие што ја прават добра трката, рече 35-годишниот Британец.

Новата сезона во Формула 1 требаше да започне во март, но поради пандемијата на КОВИД-19, сите трки беа одложени или откажани барем до крајот на јуни. Надежта за управување со светскиот шампионат е дека може да се обнови на почетокот на јули во Австрија, по што следи домашната за Хамилтон трка – Големата награда на Велика Британија.

– Во целиот свет, колку повеќе фанови имате, толку е подобра атмосферата. Особено на места како „Силверстон“ и „Монца“, нивното отсуство ќе се чувствува многу силно. Ваквите натпревари ќе донесат чувство на претсезонски тестови, но факт е дека ми недостасува чувството да се натпреварувам. Досега се чувствувам одлично затоа што не се сеќавам на последниот пат кога сум бил на едно место шест недели. Имав време повторно да ги откријам работите што ги сакам, како и да им одделам повеќе време. Ми дава енергија и самодоверба да работам уште посилно, заклучи Британецот.

Би можело да ве интересира

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин

Ферстапен далеку пред конкурентите според заработката за минатата Ф1 сезона