Норвешкиот репрезентативец Ерлинг Халанд го продолжи договорот со Манчестер Сити, потпишувајќи договор каков што не е виден во историјата – цели 9,5 години. Не само што е најдолгиот договор досега, туку е и најголемиот на сите времиња. Со овој договор Халанд се обврза да остане во Сити до 2034 година!
Халанд ќе заработува милион евра неделно, што е неверојатна бројка.
Сити не ги штедеше парите, само Халанд да стави потпис на нов договор, за да ја отстрани клаузулата што постоеше од постојниот, што претставуваше опасност Реал Мадрид да ја активира за да ги пар Халанд и Мбапе.
Манчестер Сити оваа сезона мина низ една од најголемите финансиски кризи во модерната историја на клубот откако беше преземен од богати арапски сопственици, а овој јануари тие решија да потрошат огромна сума пари за да се извлечат од кризата. Се очекува наскоро да го објави трансферот на Омар Мармуш, моментално најдобриот играч во Бундеслигата, кој настапува за Ајнтрахт Франкфурт.