Холанд седми играч во историјата на Бундеслигата со хет-трик во својот деби натпревар

Од:

Напаѓачот Ерлинг Холанд се запиша во историјата на Германското фудбалско првенство како седми играч кој во својот деби натпревар постигнал три гола.

dobivaj vesti na viber

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, на денешниот дуел со Аугсбург на гостински терен реализира во 59., 70. и 79. минута и донесе победа за својот тим кој славеше со 5:3.

Норвежанецот во игра влезе во 56. минута.

Последен што во својот деби настап постигнал хет-трик во Бундеслигата досега беше Пјер-Емерик Обамејанг во 2013 година. Габонецот тогаш постигна три гола за Борусија Дортмунд, исто така на дуел со Аугсбург (4:0).

Би можело да ве интересира

Ливерпул може да го добие Холанд во летниот трансфер период

А1он

Реал Мадрид се откажа од Холанд заради алчен агент

А1он

Холанд објасни зошто ја избра Борусија пред Манчестер Јунајтед

А1он

Холанд објасни зошто ја избра Борусија пред Јунајтед и Јуве