Холанд објасни зошто ја избра Борусија пред Јунајтед и Јуве

Од:

Новата аквизиција на Борусија Дортмунд, Ерлинг Холанд откри зошто ги избра „жолто-црните“ пред Манчестер Јунајтед и Јувентус, кои, исто така, беа зад неговите петици.

– Од Дортмунд беа директни и ми рекоа дека имаат потреба од мене во нивниот напад. Ми објаснија дека им се допаѓа мојот стил на игра и дека ме сакаат по секоја цена, објасни Холанд, кој иницираше договор од 4 и пол години со германскиот вицешампион.

Тој додаде дека му се допаднал начинот на кој од Дортмунд комуницирале со него и го натерале да потпише со нив.

– Секако дека сакам да играм редовно и јас сум свесен дека имам нешто што можам да му го дадам на мојот тим. Тоа е мојата главна цел. Сакам да постигнувам голови за Борусија Дортмунд, додаде 19-годишниот напаѓач.

Би можело да ве интересира

Модесте ќе биде замената за Але во Борусија Дортмунд

Ливерпул може да го добие Холанд во летниот трансфер период

А1он

Алкантара нема да игра против Борусија Дортмунд

А1он

Реал Мадрид се откажа од Холанд заради алчен агент

А1он

Холанд објасни зошто ја избра Борусија пред Манчестер Јунајтед

А1он

Холанд седми играч во историјата на Бундеслигата со хет-трик во својот деби натпревар