Хаџибулиќ во Лирија

Од:

Енес Хаџибулиќ го напушти Работнички и од следната сезона ќе го носи дресот на Лирија.

Досегашниот капитен на Работнички е второто засилување за амбицозниот прволигаш, претходно договор со Лирија потпиша со Бошко Јововиќ.

Хаџибулиќ кој во минатото првенство беше еден од најдобрите играчи на Работнички, реши да го напушти тимот пред се поради неизвесната финансиска иднина на клубот.

Лирија со трансферот на Хаџибулиќ уште една ш ги најави високите амбиции на клубот во наредната сезона, во која ќе се обиде да освои некој од трофеите.

Пред Јововиќ и Хаџибулиќ раководството на Лирија ја продолжи соработката со носителит на играта од минатата сезона Диме Тасовски, Тони Симиќ, Владимир Филиповиќ, Карлос Морбан и Балша Радуновиќ.

Би можело да ве интересира

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос

Навивачки нереди во Црна Гора: Хулигани упаднаа на теренот за време на дербито и го прекинаа натпреварот

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка