Гвардиола: Расизмот не е само во фудбалот, туку насекаде

Од:

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, на прес-конференција пред натпреварот на „граѓаните“ во Лигата на шампиони, изјави дека расизмот е насекаде.

Неговата изјава уследи по расистичките навреди упатени кон напаѓачот Рахим Стирлинг.

– Расизмот не е само во фудбалот, туку насекаде. Треба да се бориме со сите средства, за да направиме една подобра иднина за луѓето по нас. Не е така само во Англија, туку на секое едно друго место, истакна Гвардиола на пресот пред мечот со Хофенхајм.

Кон Стирлинг имаше напади од страна на навивачите на Челзи, при поразот со 0:2 за Сити. Токму шефовите на „сините“ дадоа сериозна помош на полицијата, за да може да се откријат сторителите на делото, а на крајот четворица „фанови“ ги изгубија сезонските карти за посета на натпреварите на лондонскиот тим.

Би можело да ве интересира

Пеп Гвардиола: Би сакал еден ден да станам селектор

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Пеп Гвардиола уште две години на кормилото на Манчестер Сити

Гвардиола: Имавме голем тактички проблем со Брентфорд

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски