Пеп Гвардиола уште две години на кормилото на Манчестер Сити

Од:

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ќе остане на кормилото на „граѓаните“ и во наредните две години. Тој се договорил за продолжување на соработката со раководството на англискиот шампион и за наредните две сезони. Всушност, Гвардиола потпиша едногодишен договор, со опција за продолжување за уште една сезона.

Иако имаше најави дека можеби ќе замине од „Етихад“ на крајот од сезоната, сепак, тој доби понуда за нов договор.

Гвардиола за седум години како предводник на Манчестер Сити, со тимот освои четири шампионски трофеи во Премиерлигата, еден ФА куп, четири пехари од Лига купот и стигна до финалето на Лигата на шампионите.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Пеп Гвардиола: Би сакал еден ден да станам селектор

Гвардиола: Мојата работа е да најдам начин да се вратам на победничките патеки

Гвардиола: Немавме цел да освоиме четири титули, задоволни сме со три

Гвардиола: Имавме голем тактички проблем со Брентфорд

Гвардиола: Халанд ќе дебитира, освен ако не го скрши глуждот

Гвардиола: Не се грижете, јас нема да сум Алекс Фергусон

А1он