Гвардиола: Мојата работа е да најдам начин да се вратам на победничките патеки

Од:

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека негова работа е да најде начин неговиот тим да се врати на победничките патеки во Премиер лигата, пренесува Sky Sports.

Синоќа Манчестер Сити беше поразен на гостувањето кај Астон Вила со 1:0 во натпреварот од 15. коло на Премиер лигата. „Граѓаните“ немаат победа на последните четири натпревари во англискиот шампионат.

„Астон Вила беше подобра од нас. Се мачевме, беше навистина тешко. Тие се добро организирани, брзи играчи, можеа да контролираат многу аспекти. Тоа е причината поради која се во врвот. Тие играа добар фудбал, а ние не можевме“, изјави Гвардиола.

Тој истакна дека негова должност е да го врати Манчестер Сити на победите.

„Ние сме заедно многу години и најдовме начин, успеавме да најдеме начин да победиме. Сега кога се мачиме мораме да ја промениме динамиката, да победиме што побрзо со Лутон, Кристал Палас, да го смениме размислувањето и да победиме“, изјави менаџерот на Манчестер Сити.

Манчестер Сити моментално е четврти на табелата во Премиер лигата со 30 бодови.

Би можело да ве интересира

Гвардиола: Немавме цел да освоиме четири титули, задоволни сме со три

Пеп Гвардиола уште две години на кормилото на Манчестер Сити