Гвардиола: Нема да вложам се на седум натпревари во Лигата на шампионите

Од:

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола уште еднаш објави дека ја цени титулата во Премиер Лигата повеќе од трофејот во Лигата на шампионите.

На чело на Сити, 48-годишниот стратег доминираше во Англија изминатите две сезони, а според него, ова е поважно од трофејот во ЛШ. Гвардиола го објаснува неговиот избор со фактот дека има помалку натпревари ЛШ и ризикот да не освоиш е многу поголем.

„Лигата на шампионите е важен и тежок турнир за освојување. Но, ова се само седум натпревари (по групите). Јас нема да одам во казино и да се обложам на сè што имам во џебот за седум натпревари. Не го сакам тоа. Сакам да бидам среќен 11 месеци и Премиер Лигата ме прави среќен. Секоја средба што ја освојуваме ме прави среќен. Зошто треба да чекам да дојде февруари и на тие седум натпревари да се обложувам на сè? Премногу е ризично од моја гледна точка, рече Гвардиола.

Манчестер Сити ќе се обиде да го освои својот прв трофеј за сезоната денес на натпреварот „Комјунити Шилд“ против Ливерпул, кој почнува од 16 часот.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски