Горан Попов во Стоук

Од:

Македонски фудбалски репрезентативец Горан Попов ќе игра во Премиер лигата. Дефанзивецот во претстојната сезона ќе го носи дресот на Стоук Сити. Договорот е веќе постигнат помеѓу англискиот тим и Динамо Киев, а Македонецот ќе настапува како позајмен фудбалер и тоа една сезона.

Нашиот репрезентативец го импресионирал стручниот штаб на Стоук на натпреварите ппомеѓу премиерлигашот и Динамо Киев во минатогодишната сезона од Лига Европа. Во веста се додава дека англискиот тим по завршувањето на позајмицата ќе има можност целосно да го откупи договорот на Попов.

Промоцијата на македонскиот репрезентативец во англискиот тим се очекува да биде во понеделник за кога се закажани и лекарските прегледи.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ