Голден стејт чекори кон драфт лотаријата во НБА

Од:

После поразот од Оклахома сити тандер, екипата на Голден стејт вориорс падна на последното место на табелата во кошаркарската НБА лига, со биланс од две победи и осум порази.

Заминувањето на Дурант и повредите на Кари и Томпсон, се покажаа како кобни за овој тим, па како што тргнале, шампионите на Западот од минатата сезона најверојатно нема да стигнат ниту до плејофот, и ќе учествуваат во драфт лотаријата, нешто што не им се случило од 2012 година наваму.

Лука Дончиќ од Далас маверикс го пропушти својот петти трипл-дабл сезонава, и тоа затоа што воопшто не влезе во игра во последната четвртина. Му недостасуваа две асистенции за трипл-дабл, а една асистенција му фалеше на Џејмс Харден од Хјустон рокетс за трипл-дабл, но и тој е задоволен од победата на тимот и неговите натпросечни 42 поени.

Резултати: Шарлот – Њу Орлеанс 110:115, Чикаго – Хјустон 94:117, Мемфис – Далас 122:138, Оклахома сити – Голден стејт 114:108, Сан Антонио – Бостон 115:135.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лејкерси продолжуваат да редат успеси по драматичната победа над Мемфис

Далас и Дончиќ газат, тешка повреда на Кемба Вокер

Веста за смртта на Паласио била лажна, тој е здрав и жив

Загина кошаркар кој играше за Партизан и во НБА лигата

ВИДЕО: Хејворд ја скрши раката

Голден стејт демантира дека Кари нема да игра до крајот на сезоната