Гол и асистенција на Роналдо за финале на Португалија

Од:

Со погодокот во 50.минута и асистенцијата за Нани три минути подоцна, Кристијано Роналдо беше најзаслужниот за победата на Португалија над Велс со 2:0.

Триумфот за Португалците синоќа во Лион, прв извојуван во основните 90 минути по петте ремија, значи пласман во финалето на Европското фудбалско првенство што се одржува во Франција.

Ова ќе биде второ учество на Португалија во завршницата од едно континентално натпреварување. Првото финале го играа на свој терен против Грција во 2004 година и го загубија.

По натпреварот, покрај победничката репрезентација, со овации беше испратен и Велс, селекција која со пласманот меѓу четирите најдобри и го донесе најголемиот успех во историјата на островската земја.

Противникот на Португалија за големото финале ќе биде познат вечерва по одигрувањето на вториот полуфинален меч на ЕУРО 2016 меѓу домаќинот Франција и актуелниот светски првак Германија.

Натпреварот ќе се игра на „Велодром“ во Марсеј со почеток во 21 часот. зс/07:49

Би можело да ве интересира

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

УЕФА ги казни Романците поради транспарентот „Косово е Србија“

Предраг Петровиќ

Во Португалија беснеат шумски пожари, во Лисабон е издадено црвено предупредување

Во Португалија свештеници злоставувале 4.800 деца, Папата се сретна со дел од жртвите

(ВИДЕО) Повеќе од 600 пожарникари го гаснат пожарот во Португалија

Почина бебе кое чекаше шест часа за да биде пренесено во друга болница