Глазгов Ренџерс ќе настапува во четвртата лига

Од:

Гигантот на шкотскиот фудбал Глазгов Ренџерс, кој има освоено неверојатни 114 национални титули, во наредната година ќе настапува во четвртата лига, која претставува најнизок национален ранг.

Ваква одлука е донесена во петокот на седницата на претставниците на клубовите во Шкотскиот фудбалски сојуз (SFL), кои со големо мнозинство на гласови решија да го исфрлат Ренџерс од шкотската фудбалска елита.

Клубот неодамна објави стечај поради огромен долг за данок, по што доби нови сопственици кои регистрираа нова компанија и побараа опстанок во шкотскиот Премиершип.

И покрај молбите на челните луѓе на фудбалскиот сојуз, најтрофејниот шкотски клуб е пратен таму каде што според законот му припаѓа местото, а тоа е најнизок ранг на натпреварување на државно ниво.

Извршниот директор на SFL, Стујард Реган пред гласањето предупреди дека најавеното сценарио за Ренџерси ќе значи финансиска катастрофа и тивко изумирање на шкотскиот фудбал, но неговото мислење не го делеа претставниците на 25 од вкупно 30 клубови.

Пресудата е конечна и Ренџерси наредната сезона ќе стартуваат како четвртолигаши, а гледачите најмалку три години ќе бидат лишени од најстарото градско дерби на светот Old Firm, кое се игра помеѓу Ренџерс и Селтик.

Збирката на трофеи на Ренџерс е импресивна-54 титули првак на Шкотска, 33 трофеи во Купот и 27 во Лига купот.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ