Ѓуровски: Шкендија некоректна, не ги пушти репрезентативците за турнејата во Кина

Од:

Македонската фудбалска репрезентација на 18 и на 22.јуни ќе одигра два контролни натпревари со Кина. По тој повод денеска селектрот Бошко Ѓуровски одржа прес конференција на која упати сериозни критики на тетовскиот прволигаш Шкендија, затоа што не ги ослободил потенцијалните репрезентативци за дуелите во Кина.

-Мора да истакнам дека Шкендија како клуб покажа голема некоректност. Имено не им дозволи на дел од своите фудбалери, кои требаше да бидат дел од репрезентацијата на оваа турнеја во Кина, да се приклучат во националниот тим.

Во прв момент се сложија, а потоа го сменија својот став и не ги пуштија фудбалерите во репрезентацијата. Не знам на што се должи ваквиот нивен однос, но дефинитивно е некоректен. Ардијан Цуцули се покажа како вистински професионалец.

Тој без дилеми одлучи да дојде со нас во Кина, иако можеби ќе има проблеми со клубот, доколку не најде нова средина и остане во Шкендија. Но, за него репрезентацијата и настапот во државниот дрес се од најголемо значење. Другите екипи од Првата лига на Македонија беа максимално коректни и им дозволија на своите фудбалери да бидат дел од репрезентацијата за оваа турнеја, изјави селекторот Ѓуровски.

Од повиканите играчи отпадна и Борче Маневски, кој ќе треба да го комплетира својот трансфер во странство, па затоа доби „зелено светло“ од селекторот да ги пропушти натпреварите со Кина. Претходно „ослободени“ од репрезентативните обврски беа: Ѓоко Зајков и Тауљан Сулејманов.

Би можело да ве интересира

Победи за Шкендија и Ренова на саботните дуели од 3. коло во ПМФЛ

Ана Ололовска

Квалификации за ЛШ: Силекс го доби шампионот на Азербејџан

А1он

Шкупи го претстави новиот тренер Ќатип Османи

Шкендија елиминиран во првото коло

ФФМ со осуда за говорот на омраза кон Алиоски: Омразата не игра на наш терен!

Татјана Ташкова

Комисија на ФФМ донесе одлуки за издавање лиценци