Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа од денеска го има најдобриот ранкинг во кариерата.
На најновата ВТА ранг листа Ѓорческа сега е рангирана на 182-то место.
Добрите настапи и пласманот во финалето на фјучрс турнирот во Тунис, на кој играше во финалето на Ѓорческа и донесе напредок од 20 позиции. Инаку, досега најдобар пласман на Ѓорческа и беше 187-то место на ВТА листата.
И во игра во двојки Ѓорческа го бележи најдобриот ранкинг, а сега е на 134.место.
И натаму лидер на ВТА листата е Американката, Серена Вилијамс, а зад неа се: Анџелика Кербер, Каролина Плишкова, Симона Халеп и Доминика Цибулкова.