Македонската тенисерка Лина Ѓорческа заедно со Американката Бернарда Пера се пласираа во финалето на фјучрсот во Италија што се игра за награден фонд од 25.000 долари. Тие во полуфиналето денеска со пресврт ги совладаа четвртите носителки Алиса Матеучи и Камила Росатело од Италија.
Противничките го добија првиот сет со 6:4 во гемови, а во вториот сет Ѓорческа и Пера беа подобри со 6:1 во гемови. Во решавачкиот сет беше 10-8 на поени за Ѓорческа и Пера.
Во финалето утре ќе играат против третите носителки Прартана Томбаре (Индија) и Ева Вакано (Холандија), кои денеска во полуфиналето ги победија вторите носителки Ирина Марија Бара (Романија) и Башак Ерајдин (Турција) со 2:0 во сетови (6:3 и 6:1).