Ѓоковиќ се пласира во четвртфиналето на Вимблдон

Од:

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ победи на јубилејниот, 100. меч што го одигра на Вимблдон и се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон.

Во четвртото коло, во мечот кој започна во неделата, а заврши во понеделникот, Ѓоковиќ го совлада Хуберт Хуркач во четири сета 7:6(8:6), 7:6(8:6), 5:7, 6:4.

Како што може да се види од резултатот, Новак напорно работеше, но заслужено победи. Посебно проблематично беше во третиот сет, кој му припадна на Полјакот.

Неверојатниот Хуркач испраќаше страшни сервиси и најмногу проблеми му правеше на својот ривал. Мечот траеше нешто подолго од три часа, а 18. тенисер во светот сервира дури 33 асови.

Во „13. гем“ Хуркач стигна до предност во двата сета, во првиот сет имаше три сет топки, но во тие моменти Ѓоковиќ покажа неверојатна психичка сила и успеа да се врати и да ги освои сетовите.

Организаторите тогаш решија да го прекинат натпреварот, а во продолжението дефинитивно нешто не беше во ред.

Новак покажуваше знаци на нервоза, гестикулирајќи по загубените поени, а целосно „експлодираше“ откако Хуркач успеа да ја намали негативата во сетови.

Во четвртиот сет Ѓоковиќ одлично сервираше, а успеа да стигне до првиот брејк на мечот кој без проблем успеа да го искористи за своја победа.

Во борбата за четвртфиналето, вториот тенисер во светот ќе игра против Андреј Рубљев, кој во пет сета го совлада Александар Бублик.

Би можело да ве интересира

Новак не победува на турнири, а предноста ја зголемува на АТП листата

Предраг Петровиќ

Ѓоковиќ му даде предност на Алкараз

Познато зошто Новак му откажа соработка на Иванишевиќ

Предраг Петровиќ

Хрватски медиуми: Иванишевиќ мораше да оди во Америка за да му биде врачен отказот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Новак се мачеше со Вукиќ, но победи во Калифорнија по пет години

Предраг Петровиќ

Алкараз: Синер може да го победи Ѓоковиќ