Хрватски медиуми: Иванишевиќ мораше да оди во Америка за да му биде врачен отказот

Од:

Новак Ѓоковиќ му врачи отказ на поранешниот тренер Горан Иванишевиќ во Индијан Велс, каде српскиот тенисер беше елиминиран по првиот меч од аутсајдерот Лука Нарди.

Некои хрватски медиуми наведуваат дека Иванишевиќ морал да замине во САД за Ѓоковиќ да му го врачи отказот, бидејќи тој момент се случил токму во Индијан Велс.

„Иванишевиќ, дознаваме, за одлуката на Ѓоковиќ дознал за време на Мастерсот во Индијан Велс, од каде се вратил со знаење дека повеќе нема да биде тренер на српскиот тенисер. Со други зборови, „половичната“ американска турнејата беше збогум, а раната елиминација и неочекуваниот пораз од Лука Нарди не го подобрија впечатокот“, пишуваат Спортске новости.

Веста дека Горан Иванишевиќ (52) повеќе не е тренер на Новак Ѓоковиќ, можеби дојде ненадејно, без најава, но малкумина тениски фанови ќе ја дочекаат како големо изненадување. Во моментите кога предизвикувачите од турнејата, предводени од Карлос Алкараз и Јаник Синер, му „дишат во врат“, а тој се уште нема трофеј по три месеци од новата сезона, Ѓоковиќ се почувствува турнат до ѕид и реши да направи „рез“.

Тој реши да продолжи без Иванишевиќ, со кого воспостави соработка пред Вимблдон 2019 година и оттогаш безрезервно му веруваше.

„Непосредна причина за раскинувањето беше лошиот почеток во 2024 година, но соработката стана разнишана веќе летото, кога Ѓоковиќ (36), како што дознаваме, во неколку наврати отворено покажал недоверба кон сопствениот тим“, пишува овој хрватски медиум.

Дека нешто не функционира како што би сакал Новак може да се насети врз основа на смената на менаџерот по 13 години; Италијанецот Едуардо Арталди беше заменет со американскиот бизнисмен Марк Мејден, за кој Новак оцени дека ќе му донесе „нов пристап“.

Тоа беше првиот показател дека наскоро ќе ги измеша тренерските карти, што токму и се случи.

Насилните испади на теренот кон Иванишевиќ, но и Арталди (кого го избрка од ложата за време на мечот во Аделаида, заедно со неговиот брат Марко и ПР Елена Капељаро) и кондициониот тренер Паничи и другите членови на тимот, беа само уште еден знак на незадоволството на Ѓоковиќ од тимот што го има околу него.

Ваквите сцени во изминатата година беа уште почести отколку порано. На еден од натпреварите, на пример, тој му викаше на својот тим дека „немаат ментална сила“ да му помогнат.

Новак сето тоа го направи во олимписката година, пред единственото натпреварување на кое не беше прв.

Би можело да ве интересира

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

Колку ќе заработи Ѓоковиќ од олимпискиот златен медал

Предраг Петровиќ

Србија има медал во Париз: Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Олимписките игри

Предраг Петровиќ

Ѓоковиќ го декласираше Надал и му го нанесе најтешкиот пораз во кариерата на париската земјена подлога