Познато зошто Новак му откажа соработка на Иванишевиќ

Од:

Многумина се прашуваат кога тргнала по удолница соработката меѓу Горан Иванишевиќ и Новак Ѓоковиќ. Веројатно во тој момент кога се смени вековното правило – советување на играчите во текот на мечот. Оттогаш се гледа дека Иванишевиќ, колку и да е добар стручњак на тренинзите и на подготовките на натпреварите, ги нема вистинските совети во вистински момент – кога работите не одат добро во текот на мечот.

Промената на правилото во тенисот, беше воведено во летото 2022 година. Дотогаш, тренерите не смееја да им кажуваат на своите пулени што да прават за време на мечот. Се снаоѓале на различни начини, а често биле казнувани доколку судијата ги фати како разговараат. Позната е ситуацијата со Серена Вилијамс во финалето на УС Опен 2018 против Наоми Осака. Нејзиниот тренер Патрик Муратоглу беше фатен како и дава совети, а легендарната Американка која не го разбра – целосно ги загуби нервите.

Пред две години ова правило беше сменето и некои тренери ги фати на спиење. Едноставно, нивната работа се промени. Веќе не беше доволно да се подготви тенисерот за натпреварот, сега брзата реакција и совет во текот на мечот беа многу поважни. На пример, Карлос Алкараз и Хуан Карлос Фереро постојано разговараат за време на мечот. Колку е плодна нивната комуникација знаат само тие, но Шпанецот веќе освои два Грен слема.

Но, откако беше воведено тоа правило, комуникацијата меѓу Ѓоковиќ и Иванишевиќ се влошуваше од турнир во турнир. Кога на најдобриот тенисер не му одеше играта добро, тој бараше – многу често многу нервозно – вистински совет од клупата. Хрватскиот стручњак, кој не беше навикнат на таков начин на работа, бидејќи тоа не беше возможно во неговото време кога играл тенис, не беше во можност да одговори на барањата на својот пулен.

Нивните кавги беа се поочигледни и сè погрди. Беше јасно дека таквата ситуација не може да трае уште многу долго време.

Изразот на лицето на Иванишевиќ често беше вистинска слика на маченик, тој се обидуваше да најде решение, што да му довикне на Новак, но не му успеваше. Тој немаше вистинско решение во вистинско време. Во исто време хрватските медиуми долеа масло на огнот и Горан се чувствуваше како да е меѓу чекан и наковолна. Критиките на Новак дека не ги добил вистинските совети беа чекан, а наковална критиките на весниците и порталите од татковината на Иванишевиќ „за тоа што го толерира ваквото однесување на Новак“.

Во тој вител, шампионот на Вимблдон од 2001 година не се снајде. Веројатно ни тој самиот не му беше сосема јасно зошто одличната соработка со Ѓоковиќ, украсена со толку големи трофеи, тргна на погрешен пат. Тоа што Новак го доби статусот најдобар тенисер на сите времиња кај него треба да создаде утеха, а како поука треба да извлече дека мора да се промени. Тренерската работа повеќе не е иста како пред воведувањето на коучингот,пишуваат српските медиуми.

Би можело да ве интересира

Новак не победува на турнири, а предноста ја зголемува на АТП листата

Предраг Петровиќ

Ѓоковиќ му даде предност на Алкараз

Хрватски медиуми: Иванишевиќ мораше да оди во Америка за да му биде врачен отказот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Новак се мачеше со Вукиќ, но победи во Калифорнија по пет години

Предраг Петровиќ

Алкараз: Синер може да го победи Ѓоковиќ

Ѓоковиќ се огласи: Лага

Предраг Петровиќ