Новак не победува на турнири, а предноста ја зголемува на АТП листата

Од:

Новак Ѓоковиќ и оваа недела е прв на АТП листата со уште поголема предност пред Јаник Синер.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја започна 421-та недела на врвот на АТП листата, иако минатата недела не одигра некој особено одличен турнир. Точно е дека Ѓоковиќ стигна до полуфиналето на Монте Карло каде традиционално не игра добро. Во сите претходни години од него секогаш се очекуваат трофеи, а сезонава се уште ги нема.

И покрај поразот од Каспер Руд, Норвежанецот кој подоцна беше поразен од Стефанос Циципас во финалето, Ѓоковиќ заработи 310 поени и ја зацврсти својата позиција на врвот на АТП-листата. Сега Ѓоковиќ ја мина границата од десет илјади поени и има вкупно 10.035, што воедно значи дека ја зголеми предноста пред најблискиот зад него, Јаник Синер. Италијанецот не се прослави ниту во Монте Карло каде заработи само 40 нови поени и има 8.750.

На третото место е Карлос Алкараз, кој има 8.645, но оваа недела ќе загуби уште 500 бода бидејќи се откажа од Барселона, додека Данил Медведев (7.085) е веќе на многу посигурна дистанца. Во првите десет се и Зверев (5.425), Руд (4.025), повратникот Циципас (3.995), Рублев (3.935), Хуркач (3.375) и Димитров (3.640).

Ѓоковиќ обезбеди уште најмалку еден месец на водечката позиција на АТП листата, односно до 37. роденден, а најголем предизвик да ја задржи таа позиција ќе биде на Ролан Гарос каде ја брани титулата и 2.000 бодови. Со оглед на тоа што Синер брани само 225 поени во целата земјена сезона, голема е веројатноста во случај на пласман во полуфиналето на турнирот да го „симнат“ од тронот Ноле, дури и Србинот повторно да ја освои шампионската титула.

Засега не се знае кој е следниот турнир на кој ќе учествува Ѓоковиќ, бидејќи се уште не го „најавил“ Мадрид, додека потенцијално е учесник во Рим, Мастерсот кој се игра пред Ролан Гарос.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Вимблдон

(ВИДЕО) Трет пат ме прашуваш истото: Новак замина сред интервју на ББС

Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло и израмни уште еден рекорд на Ферер

Новак Ѓоковиќ ќе игра на Вимблдон

Предраг Петровиќ

Новак се откажува од Ролан Гарос

Ѓоковиќ му даде предност на Алкараз