Ѓоковиќ во име на тенисерите бара исплата на трошоците ако УС Опен се откаже во последен момент

Од:

Раководството на Здружението на тениски професионалци (АТП) одржа онлајн конференција со водечките играчи, а фокусот беше ставен на продолжението на сезоната закажана за 14 август.

Сезоната беше запрена во март поради пандемијата од коронавирус, а заради влошената епидемиолошка состојба во САД со новиот вирус „Ковид-19“, челниците и играчите на АТП се согласија да ја донесат конечната одлука за продолжување на сезоната на крајот на јули. Тоа е серија турнири на американско тло кои би претходеле на УС Опен, кој е на програмата од 31 август до 13 септември во Њујорк.

Првиот човек на Советот на играчи и најдобриот тенисер на денешницата, Новак Ѓоковиќ, побара на тенисерите да им бидат исплатени трошоците за патување во САД доколку турнирите бидат откажани во последен момент.

Претходно, раководството на ВТА, исто така побара од спортистите внимателно да го следат развојот на ситуацијата во Соединетите држави пред да се решат да учествуваат на турнири.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ