Ѓоковиќ меѓу учесниците на АТП купот во Сиднеј

Од:

Најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ се наоѓа на списокот репрезентативци за настап на претстојниот АТП куп во Сиднеј, закажан од 1. до 9 јануари, објавија денеска австралиските организатори.

Освојувачот на 20 гренд-слем титули претходно го доведе во прашање својот настап на првиот календарски Гренд слем турнир Австралија опен, одбивајќи да одговори дали е вакциниран против коронавирус, што е услов за влез во австралиската сојузна држава Викторија.

АТП купот не наметна обврска за задолжително вакцинирање, но секој патник за влез во Австралија мора да покаже потврда за вакцинирање или да мине 14 денови во карантин. Невакцинираните тенисери во тој случај мораат да пристигнат во Сиднеј најдоцна до 16 декември.

Од 20-те најдобро рангирани светски тенисери на АТП купот во Сиднеј ќе недостигаат само двајца – Шпанецот Рафаел Надал и Швајцарецот Роџер Федерер.

Титулата ја брани Русија, која во Сиднеј ќе допатува во истиот состав, кој во неделата го освои Дејвис купот со триумфот во финалето над Хрватска.

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Новак не победува на турнири, а предноста ја зголемува на АТП листата

Предраг Петровиќ

Ѓоковиќ му даде предност на Алкараз

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Познато зошто Новак му откажа соработка на Иванишевиќ

Предраг Петровиќ

Хрватски медиуми: Иванишевиќ мораше да оди во Америка за да му биде врачен отказот

Предраг Петровиќ